Заев прими делегација на српската Демократска странка
Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Демократската странка (ДС) од Србија, предводена од претседателот на партијата Драган Шутановац.
Како што соопшти владината прес-служба, гостите од Србија изразиле задоволство од можноста да се сретнат со премиерот Заев, како и од приликата непосредно да упатат честитки за изборот за претседател на Владата на Република Македонија и да посакаат успешна работа за новиот состав на Владата.
Премиерот Заев изразил задоволство за средбата, која претставува уште една можност на јавноста на пријателска соседна земја да и биде пренесена пораката за блиските врски со Србија, за кои и понатаму се отворени уште многу точки од заеднички интерес за унапредување на меѓусебните односи.
Во соопштението се потенцира дека претседателот на македонската Влада изразил задоволство од брзото надминување на ситуацијата создадена со повлекувањето на дипломатскиот персонал од Амбасадата на Република Србија во Скопје и оти е договорено двете земји да ги решаваат по пат на дијалог сите евентуални недоразбирања во меѓусебните односи.
Претседателот на Демократската странка во Србија Драган Шутановац, истакнал дека на членовите на ДС ќе им бидат пренесени најдобрите искуства од нивните колеги во Македонија.
Премиерот Заев во оваа прилика порачал дека политичките партнери секогаш треба да го имаат предвид интересот на народот во нивната земја, да ги негуваат и афирмираат демократските вредности што ги застапуваат, како и да ја имаат меѓусебната соработка како определба што на сите во регионот ќе им обезбеди стабилна и економски просперитетна иднина.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња