Состанок на заедничкиот управен комитет за Рамката за развојна соработка со ОН

Заедничкиот управен комитет за Партнерство за одржлив развој: Стратегија на ОН за 2016-2020, што претставува стратешка програмска рамка која го опфаќа колективниот придонес на системот на ОН за реализирање на националните развојни приоритети денеска одржа втор состанок во Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Како што информираат од МНР, со ова тело копретседаваат министерот Никола Димитров и резидентниот координатор на ОН во Република Македонија, Луиза Винтон. Од страна на Владата на Република Македонија во ова тело членуваат и министерот за труд и социјална политика Мила Царовска и министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки.
Улогата на Заедничкиот управен комитет е да го води и надгледува процесот на подготовка и имплементација на Стратегијата.
На состанокот, се вели во соопштението, биле дискутирани реализираните активности во 2016 и плановите за 2017 и 2018 кои се групирани во пет приоритетни области вработување, добро владеење, социјална инклузија, одржлива животна средина и родова еднаквост. Активностите ги адресираат тековните развојни предизвици на земјата што се тесно поврзани и структурирани околу евроинтегративниот процес и поврзани со глобалните Цели за одржлив развој.
Ново на Сител
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
-

Сиљановска-Давкова: Одговорни сме кон јазикот како кон непроценливо богатство и моќно миротворно оружје
-

Врнежи од дожд во низините, снег на планините
-

61-годишник со 2,90 промили алкохол во крвта правел хаос во спортска обложувалница во Кисела Вода
-

Британска двојка осудена на 10 години затвор во Иран поради обвинение за шпионажа
-

Му продал лажен златен накит за 800 евра - измамен скопјанец
-

Му ветил социјална помош и стан, го измамил за 4.200 евра
-

Три лица од Судан нападнале и ограбиле 27-годишник во Кисела Вода
