На УКЛО-Битола слободни 3.095 места за студенти бруцоши

Универзитетот „Св. Климент Охридски“-УКЛО Битола, го објави дополнителниот Конкурс за упис на студенти за претстојната академска година.
Во вториот уписен рок слободни се 3.095 места на сите универзитетски единици на УКЛО.
- За сите незапишани кандидати УКЛО спроведува уште два уписни рока, со тоа што право за индекс покрај матуранти со државна и меѓународна матура, имаат и кандидатите со завршен испит и училишна матура. Подготовките навремено се извршени и вториот уписен рок ќе се реализира на 1. и 4. Септември, додека третиот уписен рок ќе се врши на 14 септември, информираат од секторот за односи со јавност на УКЛО-Битола.
Според дополнителниот Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на УКЛО, од 3.095 слободни места, 1.392 се за државна квота, 883 со кофинансирање и 820 за вонредни студии.
Реализацијата на конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии во првиот уписен рок на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола беше спроведена успешно. На 11 високообразовни институции во првиот уписен рок конкурираа над 1.000 студенти, што е во рамки на проектираниот интерес и бројките се движат во слични рамки како и во претходните академски години, потрдуваат од УКЛО-Битола.
Ново на Сител
-

Променливо облачно со сончеви периоди, од недела повремени локални врнежи од дожд
-

Француските средношколци по средбата со Макрон повикаа на продолжување на протестите сè додека не се објават конкретни мерки
-

Николоски: Ја развиваме Брвеница со реализација на конкретни проекти
-

Трамп се закани со преземање на целата иранска нафта
-

11 ден протести во Тирана: Се бара безусловна оставка од Рама
-

Кошта: ЕУ ќе покрие две третини од дополнителните 70 милијарди евра за Украина
-

Постапка за измами на граѓани со т.н. „кубански вакцини“ - претреси на повеќе локации
-

Македонија утре на Јуниорскиот Евросонг: Од вечерва може да се гласа за Ана Стојаноска
