Заврши 13.Меѓународен фолклорен фестивал во Крива Паланка
Со свадба од кривопаланечко во изведба на ветераните - пензионери од Културно-уметничко друштво „Карпош“ од Крива Паланка беше затворен 13. Меѓународен фолклорен фестивал Св.Јоаким Осоговски.
За време на трите фестивалски вечери на отворената летна сцена на кривопаланечкиот градски плоштад настапија околу 500 играорци од 15 фолклорни друштва и ансамбли од седум држави.
-Изминатите денови Крива Паланка беше обоена во колоритот на носиите од Романија, Србија, Турција, Северен Кипар, Бугарија, Словачка и секако продефилираа традиционални носии од разни краеви на нашата земја. Не постоеше подобар начин да се заокружи ова 13-то фестивалско издание од настапот на највозрасните играорци, ветераните-пензионери од градот кои ја доловија традиционалната свадба од Паланечко, чинот на венчавање и одење по невеста како пред неколку векови. Со ова, традицијата од постарите беше презентирана пред помладите сограѓани од разни возрасти, рече градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.
Претходно, во текот на вчерашниот ден, претставници на делегациите репрезенти на фолкорните друштва присуствуваа на официјален прием кај градоначалникот.
- На приемот покрај размена на добри желби, искуство од настапите, беа разменети и автентични подароци од краевите од кои доаѓаат гостите, а не изостанаа и впечатоците и импресиите од градот, луѓето и природата, што особено ме прави горд. Сите однесоа сувенири за спомен од нашата општина, истакна Алексовски.
Фестивалот го организираат локалната самоуправа на општина Крива Паланка и Националната установа Центар за култура, Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови