Премиерот Заев се сретна со претставници на Независниот синдикат на професионалните војници
Поддршка за подобрување на социјалниот статус, побараа денеска професионалните војници од премиерот Зоран Заев.
На средбата во Владата, претставници на Независниот синдикат на професионалните војници го информираа премиерот Заев за нивните ставови во врска со стандардот на вработените професионалци во Армијата на Република Македонија и побараа поддршка од Владата.
На средбата беше разговарано и за законската обврска, според која државата е обврзана да обезбеди вработување на професионалните војници на неопределено време во други државни органи, по навршената 45-годишна возраст.
Премиерот Заев ги информираше претставниците на Независниот синдикат на професионалните војници дека Владата ќе посвети соодветно внимание на нивните укажувања и дека постои добра волја да се најдат соодветни решенија.
Ново на Сител
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен
-
Пријавени два случаи на меѓуврсничко насилство во еден ден во Скопје
-
Уапсен 25-годишен неготинчанец, превезувал мигранти и удрил полициски службеник
-
Приведен 30-годишник, прегазил пешак кој што подоцна починал
-
Приведен 48-годишен тетовец, управувал возило под дејство на алкохол
-
Јавна осуда од Комората на психолози за нападот и навредите на социјалните мрежи
-
Претрес во скопско, пронајдени гранки и стебла од канабис, приведен 50-годишник | ФОТО
-
Приведени тројца возачи во Куманово, управувале возило под дејство на алкохол