Почнуваат 56. Струшки вечери на поезијата
Со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“ - Чарлс Симиќ, денеска во Струга ќе почне фестивалот Струшки вечери на поезијата кој ќе трае до 28 август. Официјалното отворање на 56-тото издание на фестивалот е вечер во 20.30 часот на платото пред Домот на поезијата со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.
Фестивалските содржини ќе продолжат во наредните пет дена, кога ќе бидат одржани симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“, портрети на годинашните лауреати - добитникот на „Златниот венец“ Чарлс Симиќ и на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО - Горан Чолакхоџиќ и прогласување на годинашниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка на македонски јазик меѓу два фестивала. Во рамки на СВП ќе има и вечери за европската поетска платформа Версополис.
Фестивалот во Струга ќе заврши на 27 август со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на фестивалските награди на годинашните добитници. Во понеделник, 28 август, фестивалот ќе се пресели во Скопје каде ќе има Поетско матине на Матка, а вечерта - Меѓународен поетски митинг на плоштадот „Македонија“.
Годинашниот добитник на наградата „Златен венец“, поетот Чарлс Симиќ, е роден во Белград во 1938 година, во тогашна кралска Југославија. Тој е еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти. Со семејството се преселил во САД во 1953 година. Поезија почнал да пишува во средно училиште, а на неговите поетски почетоци влијаеле американските поети Волт Витман, Емили Дикинсон, Волас Стивенс… Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ (1967) била одлично примена од критиката.
- Неговата поезија се одликува со впечатлива концизност. Со истенчен слух за ритам, со зачестено користење на римата, асонанцата, синтаксички паралелизми... Наизглед неговиот стил е „едноставен“, „провиден“, „разговорен“, но искусните љубители и проучувачи на поезијата знаат дека во овите поетски стапици и во самиот слободен стих има толку малку „едноставности“, произволности или слобода, посебно кога поезијата содржи доволно сугестии во оригиналноста на поетските визии и слики, беше наведено, меѓу другото, во образложението на одлуката на СВП Чарлс Симиќ годинава да го добие престижното поетско признание.
Ново на Сител
-
Попладнево ќе возат само 25 автобуси на ЈСП кои се на гас, другите немаат нафта
-
Сослушан возачот што го превезе Палчо до Турција, судењето продолжува на 25 ноември
-
Шеф на украинската дипломатија Сибиха: Мораме да го принудиме Путин да склучи мир, а не да го бараме тоа од него
-
По САД уште три земји ја запреа работата на своите амбасади во Киев
-
Околу 50 земји во ОН ја потврдија својата поддршка за Украина
-
Алкараз: Ќе се сеќавам на страста со која Надал го живееше тенисот
-
Мицкоски по повод Светскиот ден на детето: Нашата цел е да создадеме образовни програми што ќе ги инспирираат нашите деца да бидат лидери
-
Комити бараат смена на раководството на Вардар, незадоволни се од однесувањето на Неделковски