Пуштен во употреба мостот во тетовско Порој, изграден од припадниците на АРМ
Во тетовско Порој денеска беше свечено пуштен во употреба мостот кој го изградија припадниците на иженерискиот баталјон на АРМ.
На свечениот чин во Порој присуствуваа градоначалничката на Тетово Теута Арифи, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Васко Ѓурчиновски, командантот на 1. механизирана пешадиска бригада полковник Зоран Милески, претставници на месната заедница од Порој и месното население.
Градоначалничката Арифи, соопшти денеска МО, искажувајќи благодарност до АРМ, ја потенцирала одличната соработка со Армијата, при што уште еднаш го истакнала ангажирањето на припадниците на АРМ во тетовскиот регион по невремето.
Заменикот на НГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај, ја нагласил подготвеноста на АРМ за помош на цивилното население, во услови на елементарни непогоди, како една од нејзините редовни задачи, укажувајќи на фактот дека ова е најдобриот начин Армијата да биде поблиску до граѓаните.
Припадниците на инженерискиот баталјон во текот на месецов беа ангажирани за целосна реконструкција и изградба на двата моста кои ги поврзуваат жителите на Порој, кои претрпеа големи оштетувања после поплавите изминатиот месец, при што првиот мост беше завршен и пуштен во употреба кон средината на месецов. Мостот кој денес беше пуштен во употреба, беше целосно оштетен, а припадниците на АРМ го изградија со материјал набавен од месната заедница во Порој.
Ново на Сител
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД