Истражување: Коалицијата, предводена од Саудиска Арабија, е одговорна за колерата во Јемен
Повеќето смртни случаи, предизвикани од епидемијата на колера во Јемен, настапиле во регионите контролирани од бунтовниците, во кои, заради воздушните напади и блокадата на коалицијата предводена од Саудиска Арабија, е прекинато снабдувањето со храна и вода, се посочува во истражувањето на лондонскиот универзитет „Кралица Мери“, цитирано од британските медиуми.
Според истражувачите, осум од секои десет фатални случаи на болеста се регистрирани во реоните под контрола на бунтовниците од движењето Хуси, кои веќе две години водат војна против меѓународната коалиција, што ја поддржува Владата во Сана.
Јемен се бори со најтешката епидемија на колера во светот, смета Светската здравствена организација (СТО).
Од почетокот на епидемијата, пред околу четири месеци, досега се заболени над половина милион лица, а приближно 2.000 починаа, соопшти СЗО на почетокто на оваа недела.
Воздушните напади разурнаа животно важна инфраструктура во земјата, вклучувајќи и болници и јавни водоснабдителни системи, погодија цивилни реони и на луѓето им ја наметнаа потребата од преселување и живеење во пренаселени и несанитарни услови, посочуваат истражувачите.
Според извештајот, коалицијата предводена од Саудиска Арабија е одговорна за смртоносната епидемија, бидејќи предизвикала недостиг од храна, лекарства, гориво и хлор и го ограничила хуманитарниот пристап.
Во Јемен секој ден има нови 5.000 случаи на колера.
Ново на Сител
-
ИДФ го заврши својот досега најобемен бран напади врз Техеран
-
Нема жртви во иранскиот напад врз воената база во Катар
-
Во американската воздухопловна база Аин ал-Асад во Ирак активиран системот за воздушна одбрана
-
Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
-
Иран кон двата најголеми градови во Катар испука 6 балистички ракети | ВИДЕО
-
Иран ги нападнал американските бази во Катар
-
Катар го суспендира воздушниот сообраќај како превентивна мерка
-
На граѓаните на САД во Катар им е препорачано да се „засолнат“ додека Иран најавува одмазда