Свет
19. August 2017 - 9:56

Сандерс: Трамп ги разгледува опциите за нов пристап во Авганистан

Американскиот претседател Доналд Трамп ги разгледува опциите за новата американска стратегија во Авганистан и својата одлука ќе ја соопшти во „соодветно време“, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, по состанокот на Трамп со екипата за национална безбедност.

Американските претставници, во пресрет на состанокот во Камп Дејвид, изјавија дека опциите претставени пред Трамп се протегаат од повлекување или намалување на американските сили, до скромно зголемување на трупите, пренесоа британските медиуми.

-Многу сме блиску до одлуката и ја очекуваме во блиска иднина, изјави американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, пред состанокот.