Македонија
29. September 2015 - 16:13

Грција збесна поради односот на САД кон спорот со уставното име на Македонија

Mакедонија под уставно име а не под привремената референца.Спорот за името станува голем проблем меѓу САД и Грција, пишува грчкиот весник То Вима. Барањето на јужниот сосед, Македонија на разговорите за насилен екстремизам во Њујорк да учествува под името ПЈРМ, било одбиено од страна на САД, пишува весникот повикувајќи се на странски дипломатски извори. Поканата која ја добија земјава ја добила за учество во Њујорк била под името кое САД го признал во 2004-тата , Република Македонија.

 То Вима потестеува дека ова не е прв пат, САД да инсистира соседната земја да ја нарекуваат под уставно име.

- Ова е вторпат американските власти да игнорираат вакво барање на грчката Влада. Во декември 2014 година ФИРОМ беше насловена како „Република Македонија„ во заедничкото соопштение за формирање коалиција против таканаречената „Исламска држава“. Министерот за надворешни работи во тоа време, Евангелос Венизелос упатиофицијална жалба до неговиот американски колега Џон Кери и одлучи да не учествува на состанокот, пишува весникот.

Според диполматските извори и во двата случаи одбивањето на грчките власти е од  страна на помошник државниот секретар  во Стејт департментот, Викторија НУланд. Весникот пишува дека таа на грчкиот амбасадор во ВАшингтонму испратила директна и јасна порака, да се позанимава со темата, решение на проблемот кое ќе ги задоволи двете страни.

- Прашањето дополнително се комплицира од фактот што Грција е поканета на денешниот состанок во својство на набљудувач, со оглед на тоа што не учествуваше наминатогодипниот прв состанок и не се соочи со какви било проблеми поврзани со насилен екстремизам. Како таква, Атина нема право да зборува или да поднесе жалба, се вели во текстот на То Вима.

И додека Грција се занимава со тоа под кое име да настапи МАкедонија, останува непозанато дали таа ќе биде преставена на состанокот во Њујорк. Во случај одговорот да биде позитивен, неизвесно е кој ќе ја претставува, со оглед на тоа дека на  Ципрас, бил одбиен.