Повеќемина повредени во протест во Франција против план за депонирање нуклеарни отпадоци
Протестот што изминатата ноќ беше организиран во североисточниот француски град Бур, против планот за депонирање нуклеарни отпадоци во нивниот регион, заврши со судири меѓу демонстрантите и полицијата, пренесе ДПА.
Жандармеријата врз дел од учесниците во протестот употреби водени топови, флеш гранати и солзавец.
Во протестот учествуваа меѓу 300 и 1.000 лица.
Шестмина демонстранти се посериозно повредени од гранатите, а околу 30 се здобиле со полесни повреди од солзавец или од гумени куршуми, за француските медиуми изјавија организаторите на протестот.
Префектурата на департаментот Мец сооопшти дека двајца жандарми биле повредени од рачно изработена бомба, што била фрлена од демонстранти, а меѓу самите демонстранти имало најмалку тројца повредени.
Според властите, повеќето демонстранти биле со маски, качулки, облечени во црно и вооружени со камења, палки и штитови.
Демонстрантите со камења ја нападнале превантивно поставената жандармерија, а потоа врз неа почнале да фрлаат и „Молотови коктели“.
Планот за складирање нуклеарен отпад предизвика правна конфронтација меѓу Националната агенција за управување со радиоактивни отпадоци (Andra) и неговите противници, а со него се предвидува на длабочина од 500 метри под земјата да се депонираат најрадиоактивни отпадоци или оние со најдолг век на распаѓање од францускиот нуклеарен парк.
На планот критички гледа и Германија, бидејќи предвидената локација се наоѓа во близина на границата.
Изградбата на депото се очекува да почне на почетокот на следната деценија, но се уште претстои период на одобрување на планот.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од над 90,000 долари
-
Скопјанец осомничен за обид за убиство на подмолен начин
-
Тошковски: Ставањето во функција на „Безбеден град“ е со цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви
-
Во Кина студент со нож уби најмалку осум лица, рани 17
-
Измамена велешанка - И кажале дека и следуваат 20 илјади евра, па пратила 600 евра
-
Притворен малолетникот кој на автобуски станици во Карпош со нож повредил двајца малолетници
-
Мигранти влегле во камион без знаеење на возачот и се обиделе да влезат во Македонија
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица