-->
-->
Од понеделник повторно поскап бензин?
-->

Американската лесна нафта вчера на берзата во Њујорк поевтини за речи си половина долар на 45,22 долари за еден барел.
Северноморската нафта од типот „брент“ која се увезува во Македонија вчера на берзата во Лондон исто така регистрираше поевтинување за 50 центи за еден барел на 48,1 долари.
Пазарите минатата недела ги разниша веста дека клучниот показател за економската активност на Кина падна на најниско ниво во последните шести ипол години што е најнов знак за забавување на растот и на другите економии во светот.
Но за возачите тоа и не е така лопа вест, особено ако се има предвид дека влијае на намалување на цената на горивата во малопродажбата.
Сепак, и понеделничката цена е за скоро 0,7 долари повисока од просечната врз основа на која Регулаторната комисија за енергетика ги формираше малопродажните цени минатиот понеделник.
Лоша вест е и движењето на курсот на доларот во однос на денарот.
Во такви околности, мала корекција на цените во нагорна линија во понеделник не би требало да биде изненадување. Доколку се задржи овој тренд можеме да очекуваме поскапување на цената на горивата меѓу половина и денар и половина по литар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ивановски и Поп-Арсова Рашиќ македонски претставници на СП во атлетика
-
Евробаскет 2025: Германија прв финалист
-
ЦУК: Под контрола пожарот во депонијата Дрисла, активни пожари во Кочани и Тетово
-
Трамп се закани со санкции кон Русија: Губам трпение со Путин
-
Уапсен Тајлер Робинсон, осомничениот за убиството на Чарли Кирк
-
Се заоструваат условите за работа на индустриските капацитети, изгласан Закон за контрола на емисиите
-
Приведени две лица од Куманово, при претрес пронајдени се 15 дронови и муниција
-
Јавните обвинители со апел до политичарите