-->
-->
Термо фасада за општинската зграда во Зрновци
-->

Општина Зрновци започна со реализацијата на проектот за изработка на термо фасада на општинската зграда финансиран од Секретаријатот на Швајцарската влада во вредност од милион денари со сопствено учество на општината од 200 илјади денари.
- Започнавме со реализацијата на овој проект од кој очекуваме многу. Општинската зграда ќе добие термо фасада, ќе бидат зменети прозорците и вратите со ПВЦ, со што ќе се добие енергетска ефиканост на зградата, изјави градоначалникот Блаже Станков.
Станков информира дека со средства од Швајцарската влада досега се реализирани неколку значајни проекти како што е регулацијата на Морошка река, изградба на два моста во Видовиште, како и преуредување на салата за состаноци во општинската зграда во Зрновци.
За потребите на сточарите од Зрновско ќе се гради водопоило во месноста Куков рид во Зрновци, а ќе се заштитат и петвековните чинари во Мородвис, како проект кој е веке одобрен од Швајцарската влада.кг/12:10
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
-

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа
-

Активни 11 пожари и три под контрола
-

Претреси на повеќе локации во Тетово и Гостивар, пронајдени дрога, оружје и муниција
