Се уште нема договор меѓу Лондон и Единбург за Брегзит
Шкотската Влада соопшти дека се уште не може да биде постигната „согласност за договор меѓу Шкотска и Британија“, околу предложениот закон за Брегзит, откако синоќа без успех заврши уште една рунда преговори меѓу владите во Единбург и Лондон.
- Разговорите беа корисни, но тие не донесоа никаква промена, па затоа се уште нема согласност, изјави шкотскиот министер за Брегзит, Мајкл Расел.
Според него, Владата на Шкотска и натаму останува на својата позиција дека не може да му препорача на Парламентот во Единбург да го прифати законот за повлекување на Велика Британија од ЕУ, посебно не во делот кој се однесува на преземањето на овластувањата што му се дадени на Брисел како земја членка.
Шкотска е посебно загрижена што земјоделскиот сектор, производството на храна, рибарството и заштитата на животната средина, кои инаку се опфатени со шкотската деволуција, а досега беа префрлени во надлежност на ЕУ, по Брегзитот британската Влада сака да бидат префрленит во надлежност на Парламентот во Лондон.
Единбург тврди дека со вака предложениот закон за Брегзит, се врши „директен атак“ врз деволуцијата на Шкотска.
Со законот за деволуција, односно префрлање на одредени овластувања од британскиот на шкотскиот Парламент, донесен во 1997 година и прифатен со големо мнозинство на референдумот во Шкотска, владата во Единбург доби широк спектар надлежности и целосна контрола врз сите области, освен врз надворешната, одбранбената и фискалната и даночната политика.
Шкотските политичари обвинуваат дека британската Влада, по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, сака да ги преземе речиси сите овластувања што досега му ги имаше префрлено на Брисел, вклучувајќи го и рибарството, земјоделскиот сектор и животната средина.
Британската Влада тврди дека по Брегзит ќе биде потребно да се примени еден „општ британски систем“ и ги уверува Шкотланѓаните дека подоцна, Шкотска ќе добие низа овластувања што сега ги нема.
Во Единбург затоа цел ден преговараа британскиот државен секретар Демијан Грин и заменик првиот министер на Шкотска Џон Свини, како и шкотскиот министер за Брегзит Расел, но преговорите не помогнаа да се надминат разликите.
Ново на Сител
-
Клековски: За само една година направиме две промени во позитивната листа , го зголемивме и бројот на ин витро постапки од 3 на 6
-
Мајор уапсен за шпионажа: Наводно доставувал информации на Русија за украинските борбени авиони
-
Над 100 луѓе се убиени во израелски напади во Појасот Газа за еден ден, соопштија здравствените власти во енклавата
-
Сиљановска-Давкова до Бирн: Ирска да продолжи да се залага за кредибилен процес на пристапување базиран на заслуги
-
Жители на Русиново остануваат на терен по синоќешниот пожар кај месноста Св Марко кој е локализиран
-
Министерот Тошковски присуствуваше на отпочнување на процесот за полагање на испит за ракување со оружје
-
Илјадници обожаватели се простија од Ози Озборн
-
Трамп воведува 25 отсто царина на индиска стока, критикувајќи ги врските со Русија