ЕЛЕМ остварила добивка од 8,6 милиони евра во првото полугодие
Нето добивка од 8,6 милиони евра вовпрвите шест месеци и депозити од 20 милиони евра во домашните банки.
Директорот на ЕЛЕМ Христијан Мицкоски на денешната средба со новинарите порача дека компанијата редовно ги подмирува обврскитеи кон државата, деловните партнери и вработените, а предвреме е тплатен и кредит кон Светска банка во износ од 900 илјади долари.
- Компанијата е со одлични финансиски резултати и одлична финансиска кондиција и ликвидност, а и техничкиот капацитет е на завидно ниво. Продолжуваме да ги испорачуваме неопходните количини за потрошувачите на регулираниот пазар, а во период кога речиси сите земји увезуваат струја ќе се обидеме и дел од тие количини, да ги пласираме на слободниот дел од пазарот, рече Мицкоски.
Тендер за продажба на вишоците на електрична енергија беше објавен попладнево. На продажба на слободниот пазар се нудат 3000 мегават часови, а се очекуваат цени двојно повисоки од регулираната.
Мицкоски, кој очекува да биде разрешен од функцијата на утрешната владина седница, извести дека државните капацитети во првото полугодие произвеле за 5% повеќе електрична енергија од предвиденото со енергетскиот биланс.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар