Одбележани 16 години од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски во Тетово
Со повеќе активности денеска во Тетово и тетовско беше одбележан 16 годишнината од загинувањето на полицаецот Цоки Стојаноски кој загина во конфликтот во 2001 та година.
Букети свежо цвеќе во знак на почит и сеќавање на православните гробишта во Тетово и пред спомен бистата на Цоки во кругот на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај во Тетово положија најблиските роднини и пријатели, делегација составена од претставници на Секторот за внатрешни работи во Тетово, делегации на Здружението на македонски бранители Бедем, ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Тетово, колегите од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај, претставници на Армијата на Република Македонија, Здружението на воени инвалиди Тетово и делегација на Сојузот на борци Тетово.
Марин Најдов како член на претседателството на Сојузот на борци рече дека одбележувањето на годишнината од загинувањето на полицаецот Стојановски во иднина треба да биде организирано од соодветните организации.
Во знак на сеќавање на полицаецот Цоки Стојаноски во спортската сала во Брвеница беше одржан 6. Меморијален турнир во мал фудбал, во организација на МВР, Македонскиот полициски синдикат и семејството. На турнирот учествуваа седум екипи составени од полициски службеници, припадници на АРМ и граѓани. Турнирот го отворија Бојан Величковски од Македонскиот полициски синдикат и помошник началникот на СВР Тетово Димче Кузманоски.
Полицаецот Цоки Стојаноски загина на овој ден 2001та година како 28 -годишник бранејќи го суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ноќта на 1 август 2001 одговори на својот последен предизвик, за одбраната на неговиот роден град Тетово. Истрел од куршум го усмрти Стојаноски кој на пунктот лоциран пред поранешните простории на Радио Тетово беше на должност командир на реонот од наплатната рампа кон Гостивар до Станицата за безбедност на патниот сообраќај. Полицаецот Цоки Стојаноски беше познат како човек целосно посветен на службата и на должностите, кои ги извршуваше секогаш со иста совесност. Стојаноски беше сопруг и татко на две ќерки.
Ново на Сител
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција
-
Обид за убиство во струшко - приведени две лица
-
Вулкан на Камчатка еруптира за прв пат по 600 години
-
Германски градови планираат да примат деца од Газа и Израел
-
Јубилеј на младите: Повеќе од еден милион луѓе на миса во Рим
-
Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
-
Австралија доживеа најголеми снежни врнежи во последните децении