Скарамучи: Рајнс е „параноичен шизофреник“
Новиот директор за комуникации на американскиот претседател Доналд Трамп, Ентони Скарамучи вербално го нападна шефот на персоналот на Белата куќа, Рајнс Прибус, јави Би-Би-Си.
Скарамучи во разговор со новинарот на „Њујоркер“ остро зборуваше за „параноичниот шизофреник“ Прибус (- He is a f**king paranoid schizophrenic, a paranoiac)
Разговорот бил преплавен со вулгарни навреди на сметка на Прибус и политичкиот стратег на Трамп, Стив Бенон.
Скарамучи подоцна на Твитер објави дека жали поради своето „живописно изразување“.
Поголемиот дел од својата прва недела во Белата куќа, Скарамучи ја мина критикувајќи ги оние кои издаваат информации и даваше интервјуа во кои говореше дека шефот на кабинетот е еден од нив.
- Ако Рајнс Прибус сака да објасни дека не е тој кој оддава информации, нека го стори тоа, рече Скарамучи во телефонско интервју за Си-Ен-Ен.
Трамп претходно изјави дека протекувањето информации од Белата куќа се закана за националната безбедност и мораат да престанат.
Ново на Сител
-
Домот на Нетанјаху бил погоден со дрон, изјави неговиот портпарол
-
Македонски камион со муниција за Израел стигна во Грција: Работници ја блокираа пратката
-
Главната цел на Русија на самитот на БРИКС: Крај на доминацијата на доларот
-
Украински функционер повика на евакуација на градот Покровск
-
Нетанјаху нареди дополнителни испораки на хуманитарна помош за Газа
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со услови за слаб локален дожд
-
Поевтинуваат нафтените деривати од полноќ