Свет
24. July 2017 - 21:51

Најмалку 26 загинати во самоубиствен напад во пакистанскиот град Лахоре

Најмалку 26 лица загинаа, а над 35 се повредени во денешниот самоубиствен напад извршен на пазар за овошје во пакистанскиот град Лахоре.

Одговорноста за нападот ја презеде екстремистичката група Тарик-е-талибан.

Според полицијата бомбашот-самоубиец со мотор пристигнал на пазарот и го активирал експлозивот во близина на полицијата, која обезбедувале уривање на зграда.

Меѓу жртвите, најмалку 10 се полицајци.