Апелација ги одби жалбите и на СЈО и на обвинетите
Апелацискиот суд ги одби сите жалби на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за определување притвор на обвинетите во предметот „Титаник“, како и на обвинетите во овој случај за да им бидат вратени патните исправи
Судот не им даде притвор, а ги одби и жалбите на обвинетите да им се вратат пасошите. На слобода, но без пасоши остануваат поранешниот премиер и актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот шеф на Кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.
Одлуките во целост ќе бидат објавени во понеделник од страна на судот. На овие решенија странките немаат право на жалба.
Во меѓувреме, СЈО бара извршување на веќе донесените одлуки за притвор за кои се обвинети во случајот „Таргет“.
На поранешниот началникот на Петтата управа, Горан Грујовски му е определен притвор поради можноста да побегне од земјава, но и да влијае врз сведоци. Судиите од второстепениот суд определувајќи притвор образложуваат дека постои сомнеж за бегство и на поранешниот шеф на кабинетот на првиот човек на УБК, Тони Јакимовски и вработениот во УБК, Никола Бошковски, за кого заклучиле дека наводно им сугерирал на сведоци како да одговараат на прашањата од специјалните обвинители.
Притворот не се спроведува затоа што странките се жалеле до Врховниот суд. Сега Врховниот суд, откако ќе ги комплетира жалбите, има рок од 48 часа да донесе одлука.
Ново на Сител
-
Претежно сончево и потопло
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога