Поедноставно - здравје: Како да се сетите дали сте го исклучиле шпоретот или пеглата?

Ако сте од оние кои не можат да престанат да се грижат дали го исклучиле шпоретот или пеглата кога излегле од дома, време е да престанете да секирате околу тоа, зошто решението е поедностано отколку што мислите.
Иако денеска постојат различни мобилни апликации, оптимизација и автоматизација, решението за заборавените се состои само од еден клик.
Значи, пред да отпатувате на заслужен одмор, земете го телефонот и фотографирајте ги сите уреди за кои најчесто се прашувате дали сте ги изгаснале. Само добро да се гледаат бројките за да не се збуните после кога ќе се запрашате дали сте ги исклучиле електричните апарати.

Бидејќи последните часови пред да тргнете на летување толку се разликуваат од секојдневиетом работите лесно се забораваат. Во тие моменти излегуваме од рутината, а правилото „клучевите, паричник, телефон“ повеќе не важи. Се е поинакво, од алиштата кои ги носиме, работите кои ги имаме во раце, па на крајот тешко можеме да се сетиме дали сме го затвориле прозорецот, или изгасиле пеглата.
Оние кои го пробале трикот, тврдат дека откако ги фотографираат уредите пред излегување од станот, повеќе не се грижат, можеби поради тоа што сега тоа им е дел од новата рутина или затоа што дејството е доволно сложена па мозокот памети каква била сликата пред заминување.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
