Одлична вест од Виз Ер, се укинува доплатата за рачен багаж
Најголемата нискобуџетска авиокомпанија во регионот на Централна и Источна Европа соопшти дека патниците од 29 октомври нема да плаќаат доплата за внесување поголем рачен багаж во патничката кабина на сите летови.
„За летовите пред 29 октомври 2017 година цената на билет во еден правец опфаќа даноци, административни и други задолжителни такси и мала кабинска торба (максимум 42x32x25 cm). Големите кабински торби и секој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси. За летовите oд 29 октомври 2017 година цените на нашите еднонасочни летови опфаќаат такси, административни и други задолжителни давачки, како и цената на вашиот рачен багаж (55x40x23 cm, максимално 10 kg). Cекој пријавен багаж е подложен на дополнителни такси“, стои во соопштението објавено на официјалната веб-страница на „Визер“.
Авиокомпанијата објави и нова услуга за патниците наречена „Виз прајорити“, која е достапна од денеска. Услугата вклучува приоритетно качување во авион, а патниците ќе можат во рачниот багаж да внесат и едн дополнителна мала торба со максимални димензии 40x30x18cm.
Ново на Сител
-
Галевски: Овој тим на Алкалоид е составен да победува, нашите амбиции се највисоки
-
Канадски министер: Трамп и Карни ќе разговараат наредните денови за царините
-
Утре терестрично прскање против комарци на подрачјето на градот Скопје
-
Зеленски: Разговаравме за подготовки за нов состанок со Русија во Истанбул
-
Македонка повредена во сообраќајка на Алјаска откако со автомобил удриле во лос
-
ЦУК: Во пожарот кај тетовско Желино ангажирани два „ер трактори“
-
Две лица во Струга предизвикале пожар на градската депонија
-
Починат 55-годишен скопјанец однесен во ГОБ „8 Септември“, телото на обдукција