Робот се „удави“ во фонтана во САД

Безбедносен робот, производ на компанијата Најтскоуп (Knightscope), падна во фонтана во вашинготнскиот комплекс Џорџтаун вотерфронт (Georgetown Waterfront) каде работел и „се удави“, јави „Индепендент“.
Роботот го забележале случајните минувачи и нивните фотографии станаа хит на интернет, посебно оние на персоналот од трговскиот центар додека размислуваат како да го извлечат од водата.
Најтскоуп роботот е во состојба да ја разбере својата животна околина и да процени кога се случува нешто лошо по пат на комбинација на микрофон, камера и други сензори. Се очекува во иднина дека ќе може да открива оружје и ќе добие вештачка интелигенција.
Кога роботот ќе открие неправилност, тој прави врева која треба да ги одврати криминалците и другите од правење проблеми.
Изнајмување на робот од компанијата Најтскоуп чини седум долари на час.
Најтскоуп тврди дека роботот подобро обезбедува од човекот, затоа што може да издржи напад, нема замор и никогаш не му здосадува работата која ја работи.
Таа наводна одлука, сепак, наведе многумина да размислуваат за состојбата на технологијата во овој век.
- Ни ветија летачки автомобили, а добивме само роботи самоубијци, напиша на Твиер еден од вработените во трговскиот центар, додека писателот на книгата за воена роботика Питер Сингер рече дека „скалилата се наша најдобра одбрана од Робокалипса“, јави Би-Би-Си.
Со тие видови на роботи и порано имало проблеми. Еден од нив прегази бебе во Силиконската долина, додека друг беше цел на напади на пијан човек. Во тој случај роботот постапил „професионално“, направи врева и напаѓачот бил уапсен.
Ново на Сител
-

Трамп: Иран се согласи да се откаже од својата нуклеарна програма
-

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
-

Зеленски: Безбедносните гаранции се клучни за завршување на војната
-

Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна, нема индиции за ризици
-

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес
-

Тошковски: Имаме раст на пријави за семејно насилство, жртвите сè повеќе се охрабруваат, следуваат итни законски измени
-

Ѓорѓиевски: Брзиот автобуски превоз (БРТ) станува реалност!
-

Се снимале како упатуваат закани кон министерот Тошковски, кривична за четворица битолчани
