Панoрамски лет над Плутон
Научници од американската Национална аеронаутичка и вселенска агенција (НАСА) врз основа на фотографиите и податоциѕе што ги испрати леталото „Њу Хорајзанс“, изработија фасцинантна видео симулација на панорамски лет над Плутон.

Видео снимката, кој површината на Плутон и неговиот сателит Харон ги покажува од поголема близина од онаа на која се наоѓаше „Њу Хорајзонс“, ја покажува пространата рамнина Спутњик, големопт басен од замрзнат азот, врвовите на планината Војаџер, длабокиѕе вдлабнатини на Пионир и недостапниот Тартарус Дорс.
Еднакво е убава и симулацијата на летот над Харон, од длабочина на кањонот Серенит и кратерот Дороти Гејл, преку темните поларни капки на Мордор Макуле и подрачјето Оз на север, па се до широката екваторијална рамнина Вулкан и врвот на планината Кларк.
https://
Ново на Сител
-

Најстудено утрово во Берово, најтопло во Охрид и Велес
-

Корабоски доби 30-дневен притвор по проширување на обвинението
-

Николоски од Виена: ЕУ да изнајде решенија за проблемот со превозниците и со извозот на зелената енергија од регионот
-

Со сведочење на ќерката на првообвинетиот Дејан Јованов продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
-

Триесет и пет години од првиот Устав на независна Македонија
-

Сончево и топло до 20 степени
-

Пораз на македонската репрезентација од Словенија со 0:3
-

Koшта: Проширувањето на ЕУ служи за зајакнување на Европа, како отпорна економска сила и сила за мир
