Фудбал
26. September 2015 - 16:40

Сити доживеа „хаварија“ во Лондон

Фудбалерите на Манчестер Сити загубија убедливо со 4-1 (1-1) во дуелот со Тотенхем во Лондон и се на пат да ја загубат лидерската позиција откако наредија два порази во серија. 

Гостите од Манчестер први го отворија резултатот преку Де Брујне но во продолжението следуваше израмнување  по неколкуте промашувања на Кејн, Дејер од сомнителна позиција израмнува а Алдервејд прави целосен пресврт. 
Конечно и Кејн се запишува во листата на стрелците а победата од 4-1 ја потврди Ламела.