Колку мажите трошат на жените, а колку на љубовниците
Мажите кои имаат љубовници трошат повеќе пари за подароци за нив, отколку за сопругите.
Статистиката земена од едно истражување во кое учествувале 2.000 мажи, корисници на сајтот „Illicit Encounters“, открила дека во просек на подароци за љубовниците мажите трошат 145, а на сопругите 109 евра.
Мажите биле прашани што купуваат за подароци и 89 отсто од оние кои имаат љубовници рекле дека нив им купуваат нешто за дотерување, на пример накит, а 42 отсто вакви подароци купуваат и за своите сопруги.
Половина од мажите на сопругите им купуваат нешто практично за дома, а само 3 отсто такво нешто им купуваат на љубовниците.
– Разликата во подароците за жените и љубовниците покажува како мажите гледаат на тие два односи – вели Рози Фримен Џонс, експерт за неверства.
Таа објаснува дека мажите главно своите љубовници ги гледаат како површна улога, која им дава секс и возбуда, без многу емотивно врзување, а односот со сопругата со текот на времето станува помалку „убав“, а повеќе практичен, па затоа и подароците се различни.
Ново на Сител
-
Милан бара од 15 до 18 милиони евра за Мората
-
Терористички напад во грчка православна црква во Дамаск, најмалку 15 мртви
-
Герасимовски: Нови кошаркарски табли, детски реквизити, канти и клупи на повеќе локации во Центар
-
Славески: Најновите проекции на Народната банка покажуваат забрзување на растот и намалување на инфлацијата
-
Ен-Би-Си: Иран пред нападот го предупредил Трамп дека ќе ги активира терористичките скриени ќелии во САД
-
ДОМ: Ја напуштаме коалицијата со СДСМ
-
Извештајот на Вајц утре пред европратениците, Скопје очекува силна порака за македонскиот идентитет и јазик
-
Исплатени над 9 милијарди денари за земјоделците