Франција го чествува Денот на Бастиља
Франција денеска го прославува националниот празник 14 јули - Денот на Бастиља со традиционалната воена парада на Елисејските полиња во Париз, која годинава од свечената ложа на плоштадот Конкорд ја следат претседателите на Франција и САД, Емануел Макрон и Доналд Трамп.
Како што јави дописникот на МИА од Париз, Трамп присуствува на парадата на покана на Макрон во рамки на одбележувањето на годишнината од влегувањето на САД во Првата светска војна.
- Француските и американските патриоти се бореа рамо до рамо, крвареа и заедно умираа во борбата за нашите земји и цивилизации, изјави Трамп на вчерашната заедничка прес-конференција со Макрон, по нивната средба во Елисејската палата.
Макрон и Трамп во придружба на нивните сопруги синоќа вечераа во ресторанот „Жил Верн“ на Ајфеловата кула. Според Макрон, станувало збор за „пријателска вечера“.
Инаку, на денешната воена парада на Елисејските полиња учествуваат 3.700 војници, 211 возила, 62 мотоцикли, 241 коњаници, 63 авиони и 29 хеликоптери.
Претседателот Макрон продефилира низ Елисејските полиња пропратен со коњаницата на Републиканската гарда.
Во чест на САД, дефилето го отворија американски војници, а Елисејските полиња ги наделтаа шест авиони Ф-16, акробатска ескадрила на американското Воено воздухопловтсво и два авиони Ф-22.
На Елисејските полиња се одржа и дефиле на оклопни возила од Шрвата светска војна, придружувани од возила од денешните оклопни единици на француслата Армија.
Последен пат еден американски претседтел присуствуваше на воената парада во Париз во 1989 година, кога беше поканет Џорџ Буш по повод 200-годишнина од Француската револуција.
По завршувањето на воената парада, Трамп и неговата сопруга ќе заминат за САД.
Воената парада се одржува по најавата на буџетско штедење, со кое француксата Армија, ќе мора во 2017 година да ги намали трошоците за 850 милиони евра.
Началниот на Генералштабот на француската Армија, генерал Пјер де Вилие, иако јавно се спротивстави на ова штедења за армиските потреви, сепак ќе биде присутен на парадата. Макрон, претходно, го критикуваше ваквиот „испад“ на генералот, оценувајќи дека „не е достојно во јавноста да се вадат некои дебати“.
По воената парада, Макрон ќе има кусо обраќање до нацијата, по што ќе замине во Ница, каде им се оддава почит на жртвите на терористичкиот напад од минатата година.
За безбедноста на денешната парада во Париз се грижат 3.500 полицајци и жандарми, поддржани од 2.500 пожарникари.
Ново на Сител
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“