Македонија
13. July 2017 - 16:52
Вечерва почнува прилепски Пивофест
Четиридневната фешта на пивото и скарата, која веќе 15 години се преточува во мега-фестивал од балкански размери, “Пивофест 2017”, во градот на забавата и мајтапот Прилеп, стартува вечерва со настапот на познатите музички групи: “Ајк кју”, “Психомодо поп” и “Амадеус бенд”. Градот е максимално подготвен и веќе ги прима и првите гости.
Иако Фестивалот овој пат беше подготвен за неполни дваесетина дена, организаторите очекуваат врвна забава, бидејќи, како што велат, и гостите се такви, а ќе има и бројни изненадувања и награди.
Утревечер, пак, на втората фестивалска вечер настапуваат: “Дон Минот и Конкваеринг лион”, “Нокаут” и Ален Исламовиќ. Годинава, за целото времетраење на Фестивалот, се очекуваат над 300 илјади домашни и странски посетители.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->