Полицијата го расветлува случајот со уништени спомен плочи на гробиштата во Љуботен
Полицијата работи на расветлување на вчера пријавениот случај за осквернавени гробови во село Љуботен, информира денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски, одговарајќи на новинарски прашања.
Осудувајќи го настанот, потенцираше дека најблаго кажано станува збор за кукавички чин и најави дека полицијата ќе се заложи да ги открие сторителите на ова кривично дело.
Како што појасни директорот на БЈБ, вчеравечер околу 19 часот и 30 минути жител од село Љуботен пријавил дека одејќи на гробиштата кај починатата сопруга забележал оти голем број од спомен-плочите се оштетени.
Увидот е завршен, се прибираат сите сознанија и се обработуваат сите докази за истрагата.
- Од страна на СВР Скопје веднаш се преземени дополнителни мерки и активности со цел обезбедување на местото, разговор со евентуални очевидци, ставени се на располагање целокупните капацитети на МВР, работиме во консултација и во договор со ОЈО. Во текот на утринските часови е почнат увид кој е завршен. Ги прибираме сите сознанија и ги обработуваме сите докази кои може да се поврзат и да ни послужат околу евентуално насочување на истрагата, рече Велковски.
Во однос на тврдењата на жителите на Љуботен дека вчера се слушале и рафали додека таму била увидната екипа, Велковски рече дека информациите се проверуваат.
- Вчера полициските службеници и раководството на СВР Скопје беа на местото каде се извршени повеќе разговори со жителите. Проструи таква информација дека некој од жителите на Љуботен слушнал истрели, информациите се во фаза на проверка и не можеме со сигурност да кажеме дали е вистина или е непотврдена информацијата, додаде Велковски.
Ново на Сител
-
Невреме во Букурешт: Поплави, соборени дрвја и доцнења на летови
-
Вo среда наутро во Скопје авионска дезинсекција против комарци
-
МВР: Кривична пријава против 23 физички и 15 правни лица, предизвикале штета на буџетот од над 94 милиони евра
-
Собранието ги изгласа новите кадровски решенија на Влен
-
Се шири болеста чума кај малите преживари во Албанија, стигна и во погранична област во близина на Дебар
-
Поднесени кривични за две лица од Делчево осомничени за „предизвикување општа опасност“ и „бесправно градење“
-
Полициски службеници евакуираа и транспортираа повредено лице од планината Јабланица
-
Муцунски во посета на Казахстан: Во фокусот економската и политичката соработка