-->
-->
Калев Крамо противник на Карпош Соколи во ФИБА Лига на шампиони
-->
Екипата на Калев Крамо е првиот противник на Карпош Соколи кои идната натпреварувачка сезона ќе се натпреваруваат во Лигата на шампиони организирана од ФИБА. Денешниот ждреб одржан во просториите на ФИБА посака да естонскиот претставник во Лигата на шампионите биде клубот против кој македонскиот вицешампион ќе се бори за понатамошен пласман.
Првиот натпревар, во рамки на првата квалификациска рунда (Q1) Карпош Соколи ќе го одигра на домашен терен додека вториот се игра на гостински терен. Натпреварите од првата квалификациска рунда ќе се одиграат во периодот од 19. до 21. септември
Доколку македонскиот вицешампион ја мине првата квалификациска рунда ќе се натпреварува во втората квалификациска рунда (Q2) (натпревар на домашен и на гостински терен) во периодот од 24. до 26. септември каде ќе ги пречека екипата на Алба Фехервар.
Третата квалификациска рунда (Q3) ќе се одигра од 29. септември до 2. октомври, а противник на Карпош Соколи ќе биде актуелниот шампион во ова натпревраување Пинар Каршијака.

Победниците обезбедуваат пласман во Лигата на шампиони која ќе започне на 10. октомври. Вкупно 32 екипи од Европа ќе се борат за титулата.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа