Самит на Берлинската иницијатива во Трст - За проекти на Западен Балкан 500 милиони евра
Во Трст утре ќе се одржи четвртиот Самит за Западен Балкан и Европската Унија во рамки на Берлинскиот процес. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на поврзување во областа на економијата и инфраструктурата и луѓето во регионот како и регионот со ЕУ.
Од Самитот во Трст очекуваме позитивен напредок во интеграциските процеси на Западен Балкан, тоа е пораката со која ЕУ оди во Трст каде ќе бидат лидерите на „западно-балканската шесторка“, претставници на ЕУ институции, официјални лица од шест држави членки на ЕУ, Австрија, Хрватска, Франција, Германија, Словенија и Италија.
Учество најави шефот на ЕУ дипломатијата Федерика Могерини, комесарот за преговори за членство Јоханес Хан како и комесарката надлежна за транспорт Виолета Булц.
Намератас на ЕК е со своето вложување од околу 500 милиони евра во регионални проекти на Западен Балкан да привлечи дополнителни инвестиции во регионот во вкупна сума од 1,5 милиојарди евра. Во рамки на Берлинскиот процес што почна во 2014 година досега се разговарало за 20 конретни проекти во регионот од кои четири веќе се во процес на реализација.
На Самитот во Трст ќе се разговара за седум конкретни проекти. Европската комисија нагласува дека е подготвена и за дополнителна поддршка за мали и средни фирми од Западниот Балкан.
Според бриселски извори разговорите на Самитот во Трст ќе се водат околу три клучни области - инфраструктурно и економско поврзување и меѓучовечки контакти.
ЕУ очекува држвите од Западен Балкан во Трст да потпишат и договор за транспортна заедница.
ЕУ првенствено очекува сите држави од Западен Балкан во Самитот во Трст да се договорат за акцискиот план за развој на регионално-економско подрачје. Идејата за формирање заеднички регионален пазар од 20 милиони луѓе поддржана е од страна на ЕУ уште на состанокот на западно-балканските лидери во март оваа година во Сараево.
Европскиот комесар Јоханес Хан нагласи дека станува збор за „подготовка на регионот за интеграција во заедничкиот европски пазар во иднината“. Истовремено во Европската комисија отфрлаат коментари дека таквата внатрешна интеграција на регионот може да биде замена за евроинтеграцискиот пат на тие држави.
На маргините на Самитот ќе се оддржи форум на млади ЕУ - Западен Балкан што ќе послужи и за промоција на Еразмус програмата за размена на студенти.
За време на самитот ќе почне со работа и постојаната канцеларија на Коморскиот инвестициски форум во кој се стопански комори од Западен Балкан како и од Хрватска и Словенија.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка