Михаел Рот на средби со Османи и Димитров
Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, кој од вчера е во посета на Македонија, денеска же има средби со заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Бујар Османи и со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров.
На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за процесот на европска интеграција на Република Македонија, како и за последните постигнувања на земјата во однос на членството во Унијата. Исто така, ќе биде образложен и Планот 3-6-9.
Германскиот дипломат вчера се сретна со премиерот Зоран Заев, на која, како што соопшти владината служба за информирање, била изразена силна поддршка од Германија за чекорите на премиерот и на новата Влада на Македонија, во првиот месец од формирањето. Оценето е дека се направени видливи позитивни придвижувања што најавуваат резултати во евроинтеграциските процеси.
Спроти посетата на државниот секретар Рот, од германското МНР соопштија, дека тој изразил надеж од посветеноста на рефромите на новата Влада во земјата, чие формирање, наведуваат, беше долго и тешко.
- Беше крајно време да бидат надминати блокадите во поранешната југословенска Република Македонија. Одговорните политичарите ја однесоа земјата во многу тешка ситуација. Затоа сум задоволен од првичните надежни сигнали од новата влада. Премиерот Заев кажа јасно дека сака темелно да се занимава со интеграцијата во ЕУ и дека е искрено заинтересиран за регионално помирување, се наведува во информацијата од германското МНР пред посетата.
Германскиот дипломат Рот доаѓа во Скопје по посетата на Белград.
Михаел Рот е еден од највлијателните дипломати во германското МНР, член е на германските социјалдемократи и еден од најблиските соработници на министерот за надворешни работи Зигмар Габриел, кој е дел од кампањата на СПД за сојузните избори закажани за септември, а учествува и во меѓународната медијација за кризата во Катар.
Ново на Сител
-
Велика Британија воведе санкции за руски официјални лица поради обвиненија за нелегална депортација на украински деца
-
Пешак загина во Штип откако во него удрило патничко возило
-
23-годишник со два ножа се шетал во Гази Баба
-
Николоски: Проектот “Купи куќа за млади” стартува од следната година
-
АТП ги објави тенисерите со најголема заработка во 2024 година
-
Клоп би можел да го замени Симеоне во Атлетико
-
Хрватската опозиција на седница на Саборот остро го критикува премиерот Пленковиќ поради корупциската афера „Берош-Петрач“
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување