Македонија
10. July 2017 - 14:42

Намален бројот на сообраќајки и жртви во Вардарскиот регион во шестте месеци од годинава

Намален е бројот на сообраќајки и жртви во првите шест месеци од годинава на подрачјето што го покрива СВР Велес споредено со истиот период минатата година. Станува збор за повеќе општини од Вардарскиот регион. ​

- Во текот на првите шест месеци оваа година во СВР Велес се пријавени вкупно 236 сообраќајни незгоди од кои две биле со жртви, а во истиот период минатата година во СВР Велес имало пријавено 311 сообраќајни незгоди од кои четири биле со жртви, информира Верољуб Додевски, портпарол на Секторот за внатрешни работи Велес.