Бизнис
7. July 2017 - 20:38
Прилепските тутунари си ги бараат субвенциите
Неколку стотици прилепски тутунари кои се уште не ги зеле субвенциите, денеска се заканија со протести и други порадикални мерки доколку не им бидат исплатени субвенциите во наредните два- три дена.Тие велат дека парите им се прекупотребни и дека немаат повеќе време за чекање.
Инаку, испалатата на субвенциите за родот од ланската реколта започна кон крајот на минатата недела. И тогаш имаше реакции од тутунарите кои и по 12 часа трпеливо ги чекаа своите пари пред банкарските шалтери.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->