СДСМ: Лицемерен предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на радиодифузната така
До пред само неколку месеци, ВМРО-ДПМНЕ сметаше дека укинувањето на радиодифузната такса е „апсурдна и неука идеја на СДСМ“, а денеска лицемерно поднесува предлози за укинување токму на радиодифузната такса, наведува СДСМ во реакција на прес-конференцијата на Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните, посочува СДСМ, го препознаваат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.
- Како и во изминатите години, така и за време на пржинскиот процес, ВМРО-ДПМНЕ силно се противеше на барањето на СДСМ, Јавниот сервис да се финансира од Буџетот, за да се намалат трошоците и да се спречи блокирање сметки на граѓаните. Доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижеше за потребите на граѓаните одамна ќе ја укинеше оваа давачка, но наместо тоа ВМРО-ДПМНЕ упорно ги игнорираше барањата на граѓаните и на СДСМ. Затоа, денеска, ВМРО-ДПМНЕ напразно провоцира со предлози кои се дел од Програмата на новата Влада и кои наскоро ќе се остварат, стои во реакцијата.
Новата Влада предводена од СДСМ, се додава, ќе ги оствари сите дадени ветувања, вклучително и укинувањето на радиодифузната такса. Сите зацртани реформи, вклучително и реформите во медиумите ќе се спроведуваат со сериозен пристап, преку јавна дебата и вклученост на сите засегнати страни.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје