Џонсон: Меѓународната заедница да се фокусира повеќе на прашањето за Северна Кореја
Меѓународната заедница мора повеќе да работи на прашањето за Северна Кореја, изјави денеска британскиот шеф на дипломатијата Борис Џонсон.
Според него најновата ракетна проба на Пјонгјанг е пример за голема опасност кон соседните држави.
- Меѓународната заедница мора да ги зголеми двојно напорите и да наметне цена за тој режим, кој го јакне своето нуклеарно оружје и лансира илегални ракети, иако луѓето во Северна Кореја издржуваат глад и сиромаштија, наведува Џонсон во соопштение.
Северна Кореја објави дека денеска извршила успешен тест на интерконтинентална балистичка ракета.
Според првичните оценки на Командата на американски сили во Тихиот Океан, Северна Кореја тестирала балистичка ракета со среден дострел.
Командата соопшти дека ракетата била забележана 37 минути пред да падне во Јапонско Море, при што прелетала 930 километри.
Според експертите, ракетата може да стигне до Алјаска, но другите 49 американски држави, вклучително и Хаваи се вон дострелот.
Ново на Сител
-
Американската компанија „Вабтек“ нова странска инвестиција во земјава
-
Кривични пријави за пет лица за „злоупотреба на службената положба“ и две лица за „несовесно работење во службата“
-
Кога бев најпопуларна бев најтажна | Сузана Гавазова | Sitel Podcast 051
-
Локализиран голем пожар на територија на општина Прилеп
-
Прекин на сообраќајот на автопатот Прилеп – Битола порди сообраќајка
-
Изречени казни од над 350.000 евра за неправилности на плажи во Грција
-
Филков - Гир: Спроведувањето на реформската агенда приоритет на државата
-
Израелската војска ги повика Палестинците да се евакуираат од неколку населби на градот Газа