ДПМ го распиша конкурсот за наградата „Державин“

Друштвото на писателите на Македонија го распиша конкурсот за наградата „Державин“ за поетска книга која со своите содржински специфики и естетски вредности успешно се вградува во новите развојни процеси на македонската литература.
Наградата, што го носи името на Гаврило Романович Державин, е востановена минатата година со парична донација од Славјанскиот универзитет од Свети Николе, по повод 70-годишнината од формирањето на ДПМ. Прв добитник на ова признание беше поетот Јован Стрезовски.
Наградата „Державин“ се доделува секоја година за нови поетски остварувања на членовите на македонската писателска асоцијација објавени во последните 12 месеци, заклучно со август. Издавачите или авторите што ќе конкурираат за наградата, книгите треба да ги достават до ДПМ, во по четири примероци, најдоцна до 5 септември.
Одлуката за наградата ќе ја донесе тричлено жири составено од истакнати критичари, есеисти и поети. Свеченото предавање на признанието ќе се одржи во почетокот на октомври на Славјанскиот универзитет „Гаврило Романович Державин“. На свеченоста ќе гостува поетскиот караван на ДПМ со учество на 20 поети од различни генерации.
Ново на Сител
-

За викендот дожд, ветер и заладување
-

Цената на нафтата „Брент“ надмина 100 долари
-

Во пратка со рози откриени 100 килограми кокаин на атинскиот аеродром
-

Сончево, попладне услови за локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

ИЈЗ: Досега 58 заболени од западно-нилска треска, осум починати - сите се мажи
-

Зверев избори полуфинале на УС опен
-

Трамп вети по 5.000 долари за секој полнолетен Американец доколку Републиканците победат на меѓуизборите
-

Научници: Август беше најжешкиот месец во светот досега
