Свет
3. July 2017 - 16:20

Муслимански пратеници во германскиот Парламент ги поддржаа хомосексуалните бракови

Сите шест муслимански пратеници во германскиот Парламент гласале за легализирање на хомосексуални бракови, и покрај спротивставувањето на канцеларката Ангела Меркел.

Меркел минатата недела на седница во Парламентот изјавила дека бракот е „заедница меѓу маж и жена“.

Законот, со кој се дозволува „брак за сите“, е усвоен во петокот со 393 гласа, а против се изјасниле 226 пратеници.

Пратеничката од владејачката партија ЦДУ, Џмиле Гиоусоуф, прва муслиманка во германскиот Парламент, исто така ја поддржа легализацијата на геј браковите.