-->
-->
Стојковска во ПАОК
-->
По трансферите на Матеја Серафимова и Марија Николиќ, уште една македонска интернационалка ова лето ќе се пресели во грчкиот шампионат. Доскорешната ракометарка на Металург, Симона Стојковска е најновото име во тимот на ПАОК од Солун.
„Многу сум среќна што доаѓам во ПАОК: Ова ќе биде голем предизвик за мене што ќе играм во клуб со голема традиција. Се надевам дека со многу работа и доверба во нашите квалитети ќе стигнеме до титулите во Грција. Ќе играм заедно со моите клупски колешки од Металург, Серафимова и Николиќ, па ќе немам проблеми околу адаптацијата во новиот тим.“ – изјави Стојковска.
Стојковска потекнува од тимот на Пелистер, а освен дресот на битолскиот тим настапуваше и во тимот од Автокоманда.
24.часа ракомет
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност