Започна културното лето „Три круши 2017“
Со концерт на пејачите на народна музика Наум Петрески и Зуица Лазова, синоќа во Општина Кисела Вода започна 12. културно лето „Три Круши 2017”.
На отворањето пирустсвуваа градоначалниците на Кисела Вода и на Град Скопје, како и многу жители на општината и на други делови на градот.
Фолк ѕвездите Наум Петрески и Зуица Лазова со нивните најголеми хитови и бројните македонски народни песни ја забавуваа публиката повеќе од час и половина. Големи аплазузи доби и Гоце Пејковски, кој се претстави како гостин на концертот. Концертот беше заокружен со спектакуларен огномет.
Вечерва, со почеток во 20:30 на локацијата „Три круши“ концерт ќе одржи етно-составот „Чалгија саунд систем”.
Културното лето „Три круши 2017“ ќе трае до крајот на јули, и годинава ќе понуди богата програма. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во концертите на Миле Кузмановски, Дипломатик бенд, „Ѓезме“, „Силви Бенд “, Сара Мејс... И годинава целовечерен концерт ќе одржат и играорците од КУД „Китка“ од Драчево. Манифестацијата ќе заврши со концерт на Сузана Спасовска и „Академци”.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот