Трамп прогласи крај на ерата на стратешко трпение со Северна Кореја

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја бара „одлучен одговор“ и порача дека заврши „ерата на стратешкото трпение“ со Пјонгјанг.
- Ерата на стратешко партнерство со режимот на Северна Кореја е готова... Искрено немам повеќе трпение, посочи Трамп на заедничката прес-конференција со јужнокорејскиот колега Мун Џае-ин.
Трамп наведе дека САД соработуваат со Јужна Кореја и со Јапонија, како и со партнерите ширум светот за дипломатски, безбедносни и економски мерки со цел да ги заштитат сојузниците и граѓаните од опасноста што ја претставува Северна Кореја.
Тој додаде дека неговата цел е „мир, стабилност и просперитет“ во регионот, но предупреди дека САД секогаш ќе се заштитат себе си и своите сојузници.
Претседателот на САД сојузништвото со Јужна Кореја го оцени како „камен темелник на мирот и безбедноста во многу, многу опасен дел од светот“.
Ново на Сител
-

„Евростат“: Цените на становите во ЕУ растеле побрзо од приходите на домаќинствата
-

ТФТ минимално го совлада МКК Куманово
-

Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
-

Трамп: Војната во Иран практично е завршена од воен аспект
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе учествува на 9. Париски мировен форум
-

Измените на Законот за јавни набавки на дневен ред на 129. седница, поднесени 2.158 амандмани
-

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени
-

Лажна пријава за бомба во траект со 958 лица на атинското пристаниште Пиреас
