Македонија
24. September 2015 - 16:49

Интензивно се решаваат проблемите пријавени при теренските посети на Груевски

Од барања и предлози до реализирани проекти. Интензивно темпо и работа на терен. Владата забрзано ги реализира проектите кои им ги вети на граѓаните. Истовремено и со исто темпо се преземаат мерки за решавање на прашања кои жителите ги браат при теренските посети на премиерот. Граѓаните од Шишево побараа чистење на речното корито на Треска и санација на патот.

Градот Скопје следниот ден започнаа со работа, се санира патот а од пред два дена градежна механизација го чисти коритото на Треска.Жителите задоволни од брзата реакција на институциите.

Градоначалникот Трајановски на  граѓаните од Батинци им вети асфалтирање на улици и истите ги заврши пред време.Трите улици сега активно се користат .

Проблем со водоводот има во село Количани. Иако Груевски вети, тој посочи дека ќе направи се што е во негова моќ да се надмине проблемот.

Директорот на Водовод Скопје Александар Атанасов изјави дека се работи на проектната задача, по што општината Студеничани при завршување на проектната документација треба да аплицира за средства до Министерството за транспорт и врски кои ќе бидат обезбедени за таа намена.

Исто така веќе е извршена и дислокација на дел од водоводната мрежа во Батинци, што беше и барање на граѓаните од Батинци.

Граќаните ја поздравија ваквата иницијативност и решавање на  на нивното барање.

Паралелно , активно се работи  и на решавање на  на пробелмот со водоводот во Долно Лисиче.

Теренските посети на владиниот тим продолжуваат и во наредниот период а со тоа и решавање на проблемите и прокетите кои им се потребни на граѓаните.