„Илинден“ бара исполнување на ветеното од Комесарот за заштита од дискриминација
Со писмо упатено до Ирма Бараку, комесар за заштита од дискриминација, Македонците во Албанија бараат исполнување на даденото писмено ветување дека формуларот за поплаки, ќе биде испечатен и на македонски јазик.
- Од комесарот за заштита од дискриминација, госпоѓата Ирма Бараку, врз основа на Закомот за заштита од дискиминација, побаравме формуларот за поплаки и брошурата за заштита на малцинствата во Албанија, да бидат испечатени и на македонски јазик. Оваа последователна неправда не можевме да ја трпиме. Реагиравме и експресно добивме позитивен одговор, но до сега нема ништо од тоа, изјави Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден “ со седиште во Тирана.
Според него, формуларот бил печатен на албански, грчки, влашки, англиски, но не и на македонски јазик. По првиот позитен одговор се надеваме, додаде Ѓурѓај, дека целосно ќе биде реализирано ова наше барање.
Во позитивниот одговор на комесарката за заштита од дискриминација Ирма Бараку, од февруари годинава стоеше дека забелешката се прифаќа и се нагласува подготвеноста за соработка, се заблагодарува на разбирањето за направениот пропуст и сепосочува дека и формуларот и други информации во иднина ќе бидат не само на албански, туку и на јазиците на малцинствата, вклучувајќи го и македонското.
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец