-->
-->
Намален бројот на сообраќајни незгоди во Крива Паланка
-->

Според информацијата за превземени мерки и активности во текотна првото полугодие од 2015 на Полициската станица од Општа надлежност-Крива Паланка презентирана на 25-та седница на Советот на општина Крива Паланка, бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на општина Крива Паланка од почетокот на годинава е намален за 18,7 отсто .
Командирот на Полициската станица од општа надлежност Крива Паланка, Гоце Ивановски рече дека на територијата на општина Крива Паланка во првите шест месеци од годинава се случиле вкупно 32 сообраќајки.
- Во областа на патниот сообраќај состојбата се оценува како поволна, бидјеќи на јавните патишта и улиците во градот во текот на извештајниот период се случија вкупно 26 сообраќајни незгоди, додека во првото полугодие лани се случиле 32 незгоди, што покажува дека бројот на незгодите е намален за 18,7 отсто, изјави Ивановски.
Тој додаде дека од вкупниот број на случени сообраќајни незгоди само една е со една жртва.
- Во само една од сите случени сообраќајни незгоди во овј период има една жртва, додека 11 незгоди се со повредени лица, во кои се повредени вкупно 17 лица, додека останатите 14 сообраќајни ензгоди се само со маетријална штета пониск аод 50 просечни плати во стопанството, рече Ивановски.
Во информацијата се наведува и дека за овој период се превземени мерки и на превентивно-репресивен план.
- За управување под дејство на алкохол, без возачка дозвола, како и за управување со технички неисправно или нерегистрирано возило исклучени се 87 возачи и 56 возила, алкотест е употребен во 923 случаи, при што во 56 случаи возачите покажале знаци на алколизираност, во 17 случаи е земена крв и урина за анализа, а времено беа одземени 36 возачки дозволи, потенцира Ивановски.
Во информацијата за превземени мерки и активности во текот на првото полугодие од 2015 година се наведува дека по преземените мерки за потешките прекршоци поднесени се вкупно 390 барања за поведување прекршочна постапка, 5 кривични пријави за предизвикани сообраќајни незгоди со потешки последици, како и врачени се 361 покана за наплата на глоба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
-

Спалети по поразот на Јувентус од Сасуоло: Тргнавме по трите бода и заборавивме на одбраната
