Нов скандал со СП во Катар 2022
Германските медиуми објавија документи што потврдуваат дека има корупција во изборот на домаќин на СП во 2022 година.
„Билд“ го објави извештајот што бил скриен од јавноста, а чиј автор бил поранешен независен истражител Мајкл Гарсија. Меѓу другото се наведува дека наводно на десетгодишната ќерка на еден од челниците на ФИФА ѝ биле платени два милиони долари.
Гарсија се повлече во 2014 година во знак на протест дека неговиот извештај бил злоупотребен од страна на ФИФА, односно дека Светската фудбалска федерација документот го објавила во „правно прифатлива верзија“.
Во таа верзија на 42 страници Катар е ослободен од вината за корупција. „Билд“ најави дека во вторник ќе го објави целиот извештај на Гарсија, чија оригинална верзија има 403 страници.
Германскиот весник тврди дека тројца високи функционери на ФИФА летале на една забава во Рио де Жанеиро со приватен авион што му припаѓа на Фудбалскиот сојуз на Катар. Ова се случувало пред гласањето за доделување на организацијата на светските првенства во 2018 и 2022 година.
Се наведува дека фудбалската академија од Катар „Аспире“ на решителен начин манипулирала со членовите на ФИФА кои имале право на глас.
Гарсија веднаш откако ФИФА го објави извештајот рекол дека тој е нецелосен и со многу грешки и претпоставки, додека на адреса на ФИФА беа упатени остри критики од Англија со зборовите дека „станува збор за политички мотивиран обид за манипулација“.
Француското обвинителство спроведе своја истрага во врска со изборот на Русија и Катар, а еден од сведоците беше и поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.
Ново на Сител
-
Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба
-
СВР Тетово го расчисти случајот во кој беа нападнати двајца малолетници
-
Македонските фудбалери поразени од Саудиска Арабија
-
Зеленски: Сите сојузници од Коалицијата на подготвените согласни се дека Русија ги отфрла иницијативите за мир
-
Русија протера естонски дипломат
-
Почина италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани
-
Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
-
Министерот Тошковски на средба со амбасадорката Агелер: Потврдена силна поддршка од САД за реформите во МВР