Свет
26. јуни 2017 - 19:39

Порошенко и Макрон одлучни за завршување на украинската криза

Францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот украински колега Петро Порошенко денеска изразија надеж дека ќе има напредок во решавањето на судирот во Украина.

Макрон и Порошенко истакнаа дека состанокот на  Нормандиската четворка во Украина ќе биде одржан до крајот на месецот или на почетокот на јули, пред одржувањето на Самитот на Г-20, што е закажан на седми и осми јули.

По состанокот со Макрон, Порошенко изјави дека се почувствувал „многу пооптимистички“, а претседателот на Франција посочи дека германската канцеларка Ангела Меркел ја дели одлучноста за завршување на украинската криза.