Косовскиот кандидат за премиер Албин Курти изјави дека ќе работи за обединување на Косово и Албанија
Основачот на крајнодесничарската косовско движење Самоопределување Албин Курти, кој е и кандидат за премиер, изјави дека обединувањето на Косово и Албанија ќе остане една од неговите главни цели, пренесе Танјуг.
Во интервју за албанскиот портал „Шкиптарија“ Курти истакна дека Косово ќе им даде на граѓаните право да одлучуваат на референдум за сите важни прашања, вклучувајќи и обединување со Албанија.
Тој посочи дека изборите на 11 јуни ја покажале желбата на косовските граѓани за промени, потсетувајќи дека движењето Самоопределување го удвои бројот на гласовите, како и бројот на пратениците и стана втората сила во парламентот.
Курти рече дека Самоопределување предложило партнерство со коалицијата предводена од Демократската унија на Косово и Алијансата за ново Косово. Тој, сепак, истакна дека ќе се бори за обединување со Албанија, без разлика дали ќе биде премиер или не.
Ново на Сител
-
Утре ден на жалост во Загреб
-
Посебен режим на сообраќајот од утре до понеделник во Скопје
-
Нема кривично дело во дејствијата за кои се обвинува, смета одбраната на Артан Груби
-
Просечната нето плата во октомври 42 134 денари
-
Погодена македонската амбасада во рускиот ракетен напад врз Киев
-
Траги од Велибор Манев пронајдени на лепливата лента на устата на Вања
-
Вања била убиена клечејќи на колена со еден куршум во глава одзади грб, грозоморни детали
-
Едно дете загина при нападот со нож во училиште во Загреб