Меркел го поздрави планот на Лондон за државјаните на ЕУ во Британија како „добар старт“
Германскиот канцелар Ангела Меркел го оцени за Би-Би-Си планот на Велика Британија за статусот на државјаните од ЕУ кои сега живеат на британска територија, како „добар старт“.
- Тереза Меј на сегашниот Самит јасно ни посочи дека државјаните на земјите членки на ЕУ кои пет години живеат во Британија, ќе добијат нов статус на жителство со кој целосно ќе ги зачуваат своите права. Мислам дека тоа е добро за почеток, изјави Меркел.
Таа меѓутоа посочи дека тоа е само почеток, затоа што „постојат уште многу, многу други прашања“ поврзани со Брегзит, што во текот на преговорите ќе треба да изработат.
Меркел сепак инсистира дека сегашниот Самит на ЕУ во Брисел, не е посветен на британското излегување од Унијата.
- За Брегзит, ЕУ ќе има посебен Самит, на кој целосно ќе се посветиме на тоа прашање, изјави Меркел за Би-Би-Си.
Прашањето за идниот статус на 3,2 милиони државјаните на ЕУ во Британија, како и на 1,5 милиони Британци кои се населени во државите членки, од европска страна беше истакнато како приоритетно на почетокот на преговорите меѓу Лондон и Брисел, во понеделникот, заедно со финансиските сметки и идниот статус на границата меѓу Ирска и Северна Ирска.
Пред промоцијата на британскиот план за статусот на Европејците во Британија, по Брегзит, ЕУ соопшти дека државјаните на земјите членки на британска територија и на Британиците на територијата на Унијата, треба да имаат ист статус, соодветен на определбите на Европскиот суд за човекови права.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка