Тематски консултации во Владата за Итните реформски приоритети
Во Владата на Република Македонија денеска ќе бидат одржани тематски консултации за областите кои се битни во процесот на креирање политики согласно Итните реформски приоритети.
Тематските консултации се согласно определбата на Владата за транспарентност во работата и вклучување на граѓанското општество во процесот на креирање политики, а поаѓајќи од важноста на процесот на европска интеграција, соопшти владината прес-служба.
На дебатата воведно обраќање ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев и вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, а ќе присуствува и министерот без ресор задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски.
Вицепремиерот Османи во понеделникот најави дека Владата подготвува Акциски план со мерки и активности кои треба да се преземат во контекст на евроинтеграциите, а кои ќе му бидат презентирани на еврокомесарот Јоханес Хан за време на неговата посета на Скопје во понеделник.
Во Македонија веќе престојува и германскиот експерт, поранешен директор на Директоратот за проширување на ЕУ, Рајнхард Прибе, кој во наредните денови ќе има средби со владини претставници за Итните реформски приоритети, како и за акцискиот план на Владата за нивно спроведување.
Ново на Сител
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка
-
Сиљановска-Давкова: Божиќ е симбол на животот, љубовта, почитта и солидарноста
-
Опожарени четири автомобили во пожар во автосервис во Сарај
-
Малолетник завршил со повреди, откако со другар влегле во двор во скопско Студеничани и одврзале куче кое ги нападнало
-
Честитка од Минчев по повод Бадник: Солидарноста и поддршката се темел на нашето општество