МНТ со „Животот е прекрасен“ победник на 41. фестивал „Денови на сатира" во Загреб
Македонскиот народен театар со претставата „Животот е прекрасен“ во режија на Александар Морфов е победник на 41-то издание на фестивалот „Денови на сатира" во Загреб на кој учествуваа 15 претстави од Италија, Германја, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Македонија и Србија.
Одлуката главната награда - Гран при за најдобра претстава да и припадне на претставата „Животот е прекрасен“ ја донесе жири комисијата во состав: Бојана Радовиќ, новинарка и театарска критичарка, Ливио Бадурина, драмски уметник и Томислав Зајец, драмски писател.
За најдобра женска улога наградата и беше доделена на македонската актерка Николина Кујача за улогата на Марија Лукјанова, а наградата за најдобра машка улога, комисијата едногласно одлучи да му ја додели на Никола Ристановски за улогата на Семјон Семјоновиќ Подсекаљников во истоимената претстава.
Од жири комисијата беше потенцирана маестралната актерска игра на целокупниот ансамбал во претставата.
Со оваа награда и сите претходни гостувања на релевантни фестивали во изминатиот период, Македонскиот народен театар се потврди како еден од водечките театри во поширокиот регион.
Следно важно гостување ќе биде во месец октомври на интернационалниот фестивал МЕСС со претставата Електра, во режија на Андриј Жолдак, како дел од главната програма на фестивалот, информираат од МНТ.
Ново на Сител
-
Двајца Срби пробале да шверцаат 23000 кутии цигари во земјава - добија парична казна и протерување од државата
-
Во август 280 одобренија за градење, од кои 179 за високоградба, предвидени 646 станови
-
Битолчанка измамена за 27.000 евра со веќе познатата измама за наводна „сообраќајна несреќа“
-
Ѓорѓиевски ветува дека за 72 часа ако стане градоначалник на Скопје ќе го реши пробемот со сметот
-
Од вторник температури над просекот за овој период од годината
-
Спречено криумчарење на 11 златни монети вредни девет илјади евра | ФОТО
-
Од почетокот на седмицата уапсено 21 лице, а констатирани 2.131 сообраќајни прекршоци
-
Возел 92 км на час на место каде што е дозволено 40