-->
-->
Децата со посебни потреби од Струмица дел од театарска претстава
-->

Во Центарот за култура „Антон Панов" во Струмица, синоќа премиерно беше изведена претставата „Кралството на Снежана и џуџињата“ во која како актери се вклучија и деца со посебни потреби и со Даунов синдром.
Претставата е дел од проектот „Сонуваме, остваруваме и љубов подаруваме“, што го спроведува Организацијата на жени од Струмица и Здружението за лица со Даунов синдром „Вера“ од Струмица.
- Сонувавме и успеавме, љубов подаривме, на сите покажавме дека децата со пречки во развојот можат и умеат. Благодарам од името на сите кои верувааа во децата. Синоќа имаше солзи радосници во очите на нас родителите, имаше среќна публика и многу радосни лица! Децата беа вистински глумци ги измамија насмевките и аплаузот на публиката, се грижеа еден за друг покажаа вистинско пријателство,покажаа дека детското срце има најчиста љубов и дека љубовта може да победи се!, рече по премиерата Анче Туфекчиева, мајка на дете со Даунов синдром претседател на Здружението „Вера“.
Организатороте велат дека преку проектов покажуваат во какво општество треба да живееме - општество на социјална инклузија на лицата со попреченост, општество во кое има место за сите.
Проектот е финансиран од Европската Унија, Фондацијата Отворено општество Македонија изработен од Организацијата на жени Струмица во соработка со здружението ВЕРА и финансиски помогнат од општина Струмица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
